Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija
Авангарда
David Bowie - I'm Deranged

Милошоски – Грција не е подготвена на компромис


Грција, а не Македoнија, е страната во разговорите која не е подготвена за компромисно решение за името, посочи денеска шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.

Неговата изјава уследи како реакција на оценката на шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, дека премиерот Никола Груевски со активирањето на двојната формула прави сериозна грешка и сноси одговорност за каква било пречка во преговорите, и пошироко, за евро-атланскиот курс на државата.

„Изјавата на Бакојани е само потврда на претходните најави дека Грција, како прво, работи на сценарио со кое, употребувајќи го спорот за името, сака да покрие некои домашни прилично големи корупциски скандали, а, како второ, за науспехот на решавањето на овој од Грција наметнат проблем, да најде друг виновник, освен грчката влада“, изјави попладнево Милошоски за скопската телевизија Канал 5.

„Сметам дека нивната фригидност и закопаност во рововите на една непопустлива позиција, која има за цел да го наруши нашиот суверенитет, достоинство и право на самоопределување, е вистинската причина, заедно со нивните домашни корупциски скандали, зошто засега немаме поместување напред во разговорите за името“, оцени Милошоски.

Во врска со владиниот став за двојна формула за името, Милошоски посочи дека тоа одговара како преговарачка позиција во однос на грчкиот став за едно име за севкупна употреба.
24.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Дрогба дефинитивно останува
Дрогба дефинитивно останува
slikaНапаѓачот на Челзи има навистина тежок период, но и покрај сите шпекулации, денес од клубот објавија дека тој сепак нема да замине од Лондон.
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
Клас Јан Хунтелар потпиша за Реал
slikaРамон Калдерон си го исполни ветеното. Денес шпанските медиуми објавија дека Кралскиот клуб го доби првото зимско засилување.
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
Видео: Се бира најдобриот гол на Дел Пјеро
slikaКапитенот на јувентус на саботниот настап против Реџина го постигна 250 погодок во дресот на Јувентус. Сега навивачите го одбираат најдобриот.
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
АТП листа: Пад за Русевски, голем напредок за Магдинчев
slikaНа најновата АТП листа која е објавена денеска, најголем скок меѓу првите 100 тенисери направи Аргентинецот Мартин Васало Архуело, кој од 82 позиција се искачи на 71 место.
Кралски куп: Барса на Атлетико
Кралски куп: Барса на Атлетико
slikaОдржана е ждрепката во осминафиналето од шпанскиот куп. Најинтересен пар секако ќе биде Барселона – Атлетико Мадрид.
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
Видео: Рене Хигуита луд како и секогаш
slikaАвторот на легендарната скорпија, најлудиот и најоткачен голман се уште не се опамети. Колумбискиот голман се уште изведува егзибиции со кои ги доведува навивачите до лудило.
Реал во лов на суперталенти!
Реал во лов на суперталенти!
slikaПретседателот на шпанскиот првак, Рамон Калдерон во интервју за Радио Марка изјави дека кралскиот клуб во зимскиот преоден рок ќе купи двајца врвни млади играчи.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +