logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Видео: Фантастичниот Деко за победа на Челзи

Првиот неделен натпревар од англиската Премиерлига ни донесе победа на Челзи до која тимот од Лондон, на гостувањето кај Виган, дојде по фантастично изведениот слободен удар на португалецот Деко. Стотици пати Деко мораше да гледа како во Барселона неговиот соиграч Роналдињо изведува слободни удари, но во Челзи конечно дојде на своето и како прв изведувач на слободни удари заблеска уште во второто коло од првенството. Се играше четвртата минута од натпреварот помеѓу Виган и Челзи кога беше досуден фаул за тимот од Лондон на некои 20 метри од голот на противниците. Одговорноста ја презеде Деко, кој ни шест играчи на Виган во живиот ѕид не го спречија да го затресе десниот агол од голот на немоќниот Микаел Полит. Иако имаше неколку прилики за промена, резултатот остана ист се до последниот свиреж на судијата. Сега Челзи со шест бодови и два одиграни натпревари остана на првото место од табелата, додека Виган и понатаму е без постигнат погодок. Филип Крстевски/Таратур

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4755