Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Видео: Фантастичниот Деко за победа на Челзи



Првиот неделен натпревар од англиската Премиерлига ни донесе победа на Челзи до која тимот од Лондон, на гостувањето кај Виган, дојде по фантастично изведениот слободен удар на португалецот Деко.


Стотици пати Деко мораше да гледа како во Барселона неговиот соиграч Роналдињо изведува слободни удари, но во Челзи конечно дојде на своето и како прв изведувач на слободни удари заблеска уште во второто коло од првенството.

Се играше четвртата минута од натпреварот помеѓу Виган и Челзи кога беше досуден фаул за тимот од Лондон на некои 20 метри од голот на противниците. Одговорноста ја презеде Деко, кој ни шест играчи на Виган во живиот ѕид не го спречија да го затресе десниот агол од голот на немоќниот Микаел Полит.


Иако имаше неколку прилики за промена, резултатот остана ист се до последниот свиреж на судијата. Сега Челзи со шест бодови и два одиграни натпревари остана на првото место од табелата, додека Виган и понатаму е без постигнат погодок.

Филип Крстевски/Таратур
24.08.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika