Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Свечено затворени Олимписките игри


Со голем огномет во Птичјото гнездо беа затворени 29 ОИ, кои со еден збор можеме да ги опишеме како најраскошни. Македонија очајно, Кина сила број еден и тоа пред САД. Ќе го чекаме Лондон!

На Игрите во Пекинг настапија рекордни 204 земји, со вкупно 10.500 спортисти кои се натпреваруваа во 28 спортови и 302 спортски дисциплини.

Натпреварувањата се одржуваа на 31 арена во седум кинески градови, а 70.000 волонтери и 210.000 луѓе се грижеа за безбедноста на учесниците и гледачите.


Македонија на Олимпијадата настапи со седум спортисти, кои воглавно разочараа во настапот на најголемиот светски спортски собир што се одржува на секои четири години. Единствено Мурат Рамазанов имаше некакви шанси да дојде до медал, додека останатите обично беа само ’декор’.

На церемонијата по повод затворањето на игрите главна ѕвезда беше фудбалерот Дејвид Бекам кој симболично шутна топка кон публиката.

Затворањето на 29-те Олимписки игри во Пекинг беше збогатено и со настап на светски познатиот оперски пејач, тенорот Пласидо Доминго, во дует со кинеската сопранистка Сонг Зујинг.

Во програмата учествуваше и познатиот гитарист и член на групата Лед Цепелин, Џими Пејџ и младата пејачка Леона Луис.


Игрите официјално ги затвори претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Жак Рог, кој ги нарече „навистина извонредни“.

Овие Олимписки игри ќе ги паметиме по многу работи, почнувајќи од незаборавното отворање, преку низа феноменални резултати, влез во легендите на Мајкл Фелпс, обединување на спринтерските злата со светски рекорди на Усаин Болт, се до новиот спектакл на 24 август, церемонијата на затворање.


Гледачите најмногу ги воодушеви "Кулата на спомени", со што официјално почна и одбројувањето до Лондон 2012 година, кога градоначалникот на Пекинг му го предаде олимпиското знаме на градоначалникот на Лондон Борис Џонсон, кој ќе има тешка задача да ги засени 29 ОИ. Се е завршено со нова светлечката ракета испратена на небото над Пекинг.

Домаќините, кои ја воодушевија светската јавност со нивото на организација, успеаја и за првпат во историјата да бидат најдобри по бројот на златни медали (51) поуспешни и од САД, кои освоија вкупно 46 најсјајни признанија.


Кинеската златна жетва е втора најбогата во историјата на Игрите. Само спортистите на поранешниот Советски Сојуз биле поуспешни со 54 освоени злата на Игрите во Сеул 1988 година.

САД и понатаму се најуспешни во историјата на Игрите, бидејќи дури на 15 Олимпијади имаат освоено најголем број на златни медали.


24.08.2008



Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika