Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Нимиц: Потребно е повеќе време да се реши името


Посредникот Метју Нимиц оцени дека треба повеќе време за решение на разликите меѓу Македонија и Грција околу името, по средбата што денеска ја одржа со грчкиот преговарач во Солун.

„Потребно е повеќе време за да видиме до каде сме“, изјави Нимиц по средбата со грчкиот претставник во преговорите Адамантиос Василакис.

Наведувајќи оти лично не верува во поставени временски рамки Нимиц посочи дека „ова прашање треба да биде разрешено, но нема да поставуваме никакви рокови“.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се водат разговори на повисоко ниво, Нимиц рече дека не може да предвиди ништо, но дека во септември ќе се одржи седница на Генералното Собрание на ОН и дека ова е многу важна година.

Нимиц соопшти дека не изнел предлог за името, додавајќи дека работите не биле конкретизирани, и ако излезе со нов предлог, тој ќе биде конкретен

Посредникот Нимиц констатираше по средбата со Василакис дека постои сериозна намера од страна на Грција и Македонија за пронаоѓање решение и оти двете земји имале сериозен однос во напорите да се затвори прашањето.

Нимиц објасни дека двете страни имале свои ставови за тоа што е прифатливо, а што не е, нагласувајќи дека до решение ќе стигне кога ниту една од страните нема да има ништо против предложеното решение.

Одговарајќи на прашање дали биле покренати и други теми, освен за името, Нимиц одговори: „беа покренати многу работи, кои јас би ги опишал како периферни во однос на централното прашање за името. Некои од нив се повеќе, а некои помалку релевантни во однос на главното прашање за името.“

Овие работи, додаде Нимиц, може евентуално да се третираат како прашање „но тие не ја претставуваат суштината.“ Нимиц истакна дека прашањето за името е тешко само по себе и дека нема потреба да се оптоварува дополнително со други работи.

„Би предложил да ги оставиме тие (работи) настрана и да се справиме со прашањето за името во обид да најдеме решение.“, изјави Нимиц

Грчкиот преговарач Василакис, одговарајќи на прашање дали е постигнат каков и да е прогрес во преговорите, рече дека е „оптимист по природа“ и оти „ако има трпение,ќе биде изнајдено решение“.



Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.

22.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika