Ретко кој му веруваше на сметководителот од Медисон дека има формула за добивка на лото, но тој и неговата сопруга освоија дури четири главни добивки.
Верлин Адамсон и неговата сопруга
Џудит, од Медисон, Висконсин освоија по два џекпоти во висина од 350.000 долари. Нивната вкупна добивка е 1.4 милиони долари, но по оданочувањето ќе земат 955 илјади долари.
Четирите ливчиња со добитна комбинација биле уплатени на четири различни локации, две уплатил Верлин Адамсон, а две неговата сопруга Џудит.
Брачната двојка е недостапна за коментари – на телефонската секретарка ги упатуваат сите заинтересирани да се обратат кај нивниот адвокат
Скот Томпсон.
Со оглед на неверојатното тврдење дека можат математички да ги предвидат бројките од игрите за среќа, за коментар биле запрашани и математичарите.
Професорот
Стивен Пост од колеџот Еџвуд во Медисон, смета дека таква формула е невозможна.
„Не постои можност за никаква стратегија во пронаоѓање на добитните броеви во играта која ги избира случајно“, објаснува Пост.
Тој нуди дефинитивно решение, кое не е толку математичко, колку што е здраворазумно – Ако сакате да победите, ги купувате сите ливчиња со сите комбинации.
22.08.2008