Менталната аритметика подобро е развиена кај слоновите отколку кај луѓето, покажа неодамна спроведеното истражување во кое слоновите покажаа завидна способност за собирање.
Резултатите од ова истражување говорат дека слоновите се поумни од луѓето кога е во прашање менталната аритметика.
Научниците направиле тест во кој различен број јаболка ставиле во две корпи што стоеле пред животните и следеле колку пати слонот исправно ќе ја избере корпата во која има повеќе овошје.
Понекогаш ставале повеќе јаболка одеднаш, принудувајќи ги слоновите повнимателно да бројат.
Слоновите вистинската корпа ја избрале во 74 проценти од случаите, додека азискиот слон Ашија дури во 87 проценти од случаите погодил во која корпа има повеќе јаболка.
Тестот е снимен и истиот е повторен со луѓе, но претставниците на нашиот вид ја препознале потешката корпа само во 67 отсто од случаите.
До ова неверојатно откритие дојде научничката
Наоко Ирие од универзитетот во Токио. Таа го направила тестот врз слонови од градската зоолошка градина.
„Дури и јас се бунам додека ги ставам јаболката во корпата“, признава Ирие.
22.08.2008