Голите фотки на холивудската секси ѕвезда од сетот на филмот Jennifer’s Body веќе ги објавивме, а сега е откриено дека филмот ќе обилува со нејзини жешки сцени и со двата пола.
Меган Фокс и Аманда Сејфрид, ѕвездата на мјузиклот Mamma Mia, во филмот имаат хардкор сцена на кревет, откри извор близок до продукцијата.

Меган, која глуми опседната чирлидерка во убиствен поход на школските колеги, неодамна и сама откри дека во филмот, опишан како комичен хорор, ќе биде „секако луда“. „Јадам и заведувам се. Во филмот ќе има многу бакнување – девојки и момци“, изјави Фокс.
Сценариото на филмот е од оскаровката
Диабло Коди, а во кината ќе пристигне следната година.
21.08.2008