Макаки, вид мајмуни кои живеат во Индонезија, многу одлуки ги донесуваат „демократски“, односно земајќи ја предвид волјата на мнозинството, а крдото се движи на иницијатива на поединци.
Група научници, со помош на камери, четири месеци ги набљудувале макаки мајмуните во Индонезија и притоа успеале да докажат дека барем две групи од тој вид одлуките ги носи со мнозинство, вели шефицата на проектот
Одил Петит од француската Национална истражувачка организација ЦНРС, во Стразбур.
„Крдото мајмуни секогаш се придвижува на иницијатива на еден припадник од групата“, вели Петит.
Мајмунот истапува неколку чекори напред и запира по еден или најмногу до пет метри, за да види како ќе реагира групата. Се случува друг припадник од групата да тргне во друг правец и да „предложи друга активност“.
Преостанатите мајмуни од групата се делат во две групи – со едниот или со другиот „предводник“.
На крајот, целата група повторно се собира околу мајмунот кој успеал да го привлече мнозинството.
Притоа не е важен ниту полот, ниту возраста на мајмунот, а се случува и младите припадници на групата да успеат да го соберат мнозинството и да ја поведат со себе.
За разлика од овој пример, одлуките во заедниците на мајмуните, како и кај другите цицачи, по правило се носат со помош на разни авторитетни методи.
На пример, коњите имаат водач, слично е и кај планинските горили, кои секогаш го следат доминантниот машки водач.
21.08.2008