Повеќемесечната потрага по достоен сценарист за долгоочекуваниот Хобит не вроди со плод, па адаптацијата во дует ја прифатија Питер Џексон и Гиљермо дел Торо.
Оскаровецот
Питер Џексон (Господарот на прстените), кој е и извршен продуцент на новата адаптација на Толкиновиот роман и режисерот
Гиљермо дел Торо одлучија по неуспешната потрага по сценаристи сами да си ја одработат работата.
Фран Велш и Филип Бојенс, кои со Џексон работеа и на славната трилогија, ќе бидат придружни членови на сценаристичкиот тим.
Филмската верзија на
Хобитот, која ја следи приказната на младиот Билбо Багинс, ќе биде поделена во две продолженија, а првиот дел во кината ќе пристигне во 2011 година.
21.08.2008