Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Кавкаски предизвик на НАТО: No Action Talk Only

Пишува: проф. д-р Билјана Ванковска


Падот на Берлинскиот ѕид и редефинирањето на биполарната меѓународна структура го доведе НАТО пред сериозен предизвик - да најде смисла (raison d’etre) на своето постоење.

Првата сламка за спас му ја понуди поранешна Југославија: најнапред со воената акција против српските позиции во Босна (која сепак се одвиваше со „благослов“ на ОН), а потоа НАТО сам си создаде ситуација „да мора да дејствува“ во 1999-та (овој пат без авторизација на Советот за безбедност на ОН).

Кога со Стратегијата за 21 век, усвоена на Вашингтонскиот самит во април 1999-та, Алијансата си го додели епитетот на менаџер на конфликти низ целиот свет (out of area operations), за момент изгледаше дека навистина Западот триумфално доминира на светската сцена - и на економски, и на политички, и особено на безбедносен план.

„Хуманитарната интервенција“ во Косово (СР Југославија), со сета манифестација на најновите воени оружја и воени системи, создаде (лажно) чувство на моќ кај западните сојузници.

Чувството беше лажно, најмногу заради тоа што зад моќната демонстрација на сила сепак беше видливо дека на најмоќната воена алијанса која човештвото ја имало и требаа дури 78 дена да „победи“ една мала земја, која веќе беше истоштена од сите војни кои ги водеше (и загуби) на територијата на бивша Југославија, со климав режим кој се соочуваше со силна внатрешна опозиција, доведена на коленици со долгогодишните економски санкции, итн.

Следната епизода на НАТО беше и остана Авганистан. Оваа интер- венција, повторно со сомнителнa правнa основa, се претвори во навлегување во „жив песок“.

И повторно се покажа воената немоќ во однос на победа над една од најсиромашните земји, нејзините примитивни воени и племенски водачи, што кулминираше со воспоставување на режим кој има контрола само на Кабул.

Доволно е да се види што денес се случува таму: Талибанците не само што политички се рехабилитираат, туку и возвраќаат со воена офанзива! Производството на наркотици никогаш не било поголемо и покрај мониторингот на НАТО силите.

Иронијата да биде поголема, Талибанскиот режим имаше „нула толеранција“ за наркотиците и производството беше сведено на минимум.

Сепак, НАТО (рамо до рамо со САД, кои си имаат своја „приватна“ војна во оваа земја) останува „цврст во своите заложби“ да донесе мир и демократија во Авганистан.

На секој самит, Генералниот секретар на НАТО е доведен во ситуација да моли, преколнува, бара и плаче за нови воени контингенти и поголемо учество на сојузниците, кои преферираат тука да ги испраќаат „своите пријатели“ од земјите аспиранти за членство.

Најновата војна во Грузија конечно има моќ да ја открие вистината за „царевата нова облека“, односно се почесто се слуша дека „Царот е гол“.

Тоа уште од поодамна беше искажано низ објаснувањето за тоа што се крие зад кратенката NATO - No Action, Talk Only! Деновиве на поинаков начин тоа го соопшти и директорот на Стратфор, Џорџ Фридман: анализирајќи ја ситуацијата во Грузија, тој ја употреби синтагмата за „тигар од хартија“!

Ситуацијата во Грузија е поучна од повеќе аспекти, ама само за оние кои тоа сакаат да го видат:

- Во рамките на НАТО и на ЕУ постои висок степен на неединство во однос на водењето на надворешната и безбедносната политика.

Тоа неодамна се манифестираше во однос на (не)признавањето на Косово, односно на државата во чие креирање најдиректно беше вклучен НАТО, а сега и ЕУ.

Голем број држави не се среќни со потребата од зголемување на воените издатоци и испраќањето на војници на ризичните воишта низ светот. Како што покажа и вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, одредени земји имаат не само интерес да одржуваат блиски, па и пријателски односи со Русија, туку се и директно енергетски зависни од неа.

- Тезите за слабоста на НАТО, неговата неефикасност и растечка внатрешна криза, веќе добиваат потврда.

Неодамна американски експерти експлицитно ја кажаа тезата дека НАТО има рок на траење, уште само неколку децении, ако не и порано.

- Досегашната презумпција за несомнената воена премоќ на НАТО беше заснована на воени искуства од воишта на кои немаа сериозен воен противник (Република Српска, Србија, Авганистан).

Невидливиот противник во вид на фантомската Ал-Каеда беше уште потешко и да се победи со воени средства. Залетувањето во вакви воени авантури беше релативно лесно и со мал пресметан ризик (иако сега фактите покажуваат дека и проценките за загубите биле преоптимистички).

Но, евентуалните „блиски средби“ со сериозен воен противник како Русија се веќе нешто сосема друго.

- Најновата ситуација околу Грузија претставува уште еден тежок тест за внатрешната кохезија на Алијансата.

Расцепите се повеќе од видливи, иако се кријат зад дипломатската реторика. Сепак, заклучокот од вчерашната итна средба е дека НАТО е повеќе од било кога порано No Action Talk Only!

Ако на Букурешкиот самит се јави јаз меѓу земјите кои ја поддржуваа идејата на САД за забрзан прием на Грузија и Украина во НАТО и оние кои ја поддржуваа Германија со нејзината претпазливост, денес тој јаз е поголем од било кога порано - бидејќи и двата табора добиваат дополнителна аргументација за својата теза.

Првите тврдат дека доколку Грузија и Украина се членки на НАТО, до ваков воен судир немаше ни да дојде (т.е. нивното членство ќе служеше како детерент во однос на Русија); вторите велат дека тукушто се потврдиле нивните стравувања дека со прием на земји кои не само што не се целосно подготвени за НАТО, туку и се наоѓаат во руското блиско соседство, ја загрозува општата безбедност на НАТО заедницата, односно дејствува наспроти интересите заради кои е создадена оваа „безбедносна заедница“.

- Катастрофалниот пораз на грузиската армија покажува две работи: прво, паѓа во вода илузијата за НАТО стандардите и реформите кои војската ја прават поефикасна (изгледа како сите пари што биле фрлени за воени реформи изминатите години се потрошени за ништо); второ, големите сили не вршат самоубиство заради своите мали сојузници.

Нашите загрижени новинарски пера и колумнисти се прашуваат дали имаме алтернатива за членството во НАТО, секако, во контекст на внатрешно-политичка критика на власта, а не во контекст на геополитичките случувања.

Отсекогаш ми изгледале помалку дилетантски тврдењата дека „Македонија нема План Б“ (во однос на членството во НАТО и ЕУ).

Прво и основно, една сериозна држава МОРА да има план Б, па дури и план Ц. Причините заради кои може да не влеземе во НАТО можат да бидат различни, а освен тоа ни НАТО не е вечна организација.

Нам членството во НАТО ни беше потребно тогаш кога беа загрозени нашиот суверенитет и територијален интегритет - во 1999-та и 2001-та - но се случи токму да клекнеме на коленици на директно барање на НАТО, кој стоеше зад своето тогашно чедо и сојузиник - УЧК.

Во сегашната констелација на односот на силите во регионот, на Македонија не и се заканува директна воена опасност од надвор, односно сакале ние или не, се наоѓаме во сферата на американското влијание во кое Русија не вложува баш големи напори да го придобие (барем кога сме ние во прашање).

Кога се поставува прашањето за тоа „каде, ако не во НАТО?“ и кога се вели дека противниците или скептиците на НАТО членството не нудат опција, логично е да се праша: а зошто воопшто би морале „да одиме некаде“?

Логично е да се направи проценка: какви закани имаме по националната безбедност? Од каков вид? Која би била ползата од членување во Алијанса која има рок на траење, која е тигар од хартија, која има константна потреба од „свежа крв“ и „топовско месо“ - но, кога станува збор за нашите непосредни национални интереси, таа зазема страна која не е најпријателска кон нас?




Авторот е доктор по правни науки, уредник на блогот: vankovska.blog.com.mk



21.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika