(Фото илустрација)
Германската полиција при редовна патрола го заплени најбрзата канцелариска столица на светот. Изум на тинејџери кои лудувале со неа по улиците.
Полицајците во градот Грос Цимерн, западна Германија, налетале на направа што ја изумиле две 17-годишни момчиња.
Моторизираната столица, имала мотор од косилка, сопирачки од велосипед и метална рамка, така што личела на возило за картинг.
Нејзините пронаоѓачи велат дека само го испробувале возилото, но очевидци тврдат дека тинејџерите на него се возеле низ неколку улици.
Полицијата не соопшти која е максималната брзина што може ова канцелариско столче да ја развие.
Момците се уапсени, а полицијата размислува за што да ги обвини – возење на возило без дозвола, осигурување или без регистрација.
20.08.2008