Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Видео: Има 12 години, 210см и се уште расте


12-годишно момче од Еленсбург, САД, поради тешко пореметување, е високо неверојатни 210 сантиметри. Се очекува да порасне и до 243. Погледнете!

Како што велат неговите пријатели, Бренден Адамс е само едно обично дете, иако очигледно не е како сите останати. На училиште мора да се наведнува да влезе низ повеќето врати и да седи покрај клупа бидејќи не може да ги стави нозете под неа.

Бренден е единствен, а тоа не го прави само неговата висина. Се кај него е поразлично: неговата мајка тврди дека им треба цел тим од доктори и чести лекарски прегледи за неговиот раст и телесните промени да не се влошат.

На телото има големи тумори, огромни зглобови па дури и вишок заби од кои 12 неодамна му биле извадени.

Неговите татко вели дека кога бил роден немало никакви знаци за ваквата аномалија. Мајка му наведува дека докторите започнале да забележуваат нешто не е во ред кога имал два месеци. „На четири месеци му пораснаа сите заби“, вели таа.

„Се уште не сум видела некој како Бренден“, вели д-р Мелиса Париси која го лекува Бренден уште од негови 4 години, кога како што вели докторката „бил голем како типично 8-годишно момче“.

Роден е со 3,2 килограми и дожина од 50 сантиметри. Неговата мајката вели дека уште на два месеци почнала да забележува дека нешто не е во ред. Докторите со години ги барале причината за неговото забрзано растење, но за што станува збор откриле кога Бренден имал осум години.

Станува збор за многу редок и необичен вид на пореметување на неговиот генетски материјал. Тоа се вика инверзивност на хромозомот 12 и делува на секоја клетка во неговото тело. Хромозомите доаѓаат во парови. Но во овој случај, 12 пар хромозоми не е во ред. Научниците не можат да објаснат зошто и како еден од нив се пореметил и му пречи на генот кој го контролира растењето.

Докторите му даваат хормон тестостерон кој го успорува растењето, а родителите меѓувремено изградиле нова куќа во која Бренден ќе може полесно да се движи, бидејќи висината на вратите е многу поголема.


20.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika