Филмските критичари тврдат дека Квентин Тарантино е на чекор од моментот кога германската нација ќе се побуни против неговиот најнов филм Inglorious Bastards. Има многу причини за тоа.
Во својот нов римејк на италијанскиот филм Inglorious Bastards,
Тарантино се враќа во Втората светска војна и ја прикажува одмаздата на еврејско-американски војници над германските војници.
Нападите врз Германците ги води поручникот кого го игра
Бред Пит, а се појави и реченица од филмот со која неговиот лик повикува на масакар:
„Секој човек под моја команда ми е должен сто скалпови од нацистите, и вие ќе ми донесете сто наци скалпови, извадени од сто глави на мртви нацисти, или ќе умрете обидувајќи се“, вели Бред Пит во филмот.
А, како што пренесува The Times of London, спорно нема да биде само скалпирањето, врежувањето свастики во челата, пукањето во тестиси на германските војници, кои ќе бидат прикажани во стилот на Тарантино и неговата љубов кон деталите.
Германската нација и тамошните критичари би можела да ги вознемири и целата идеја според која Втората светска војна се претвора во авантуристички стрип во кој ниеден Германец нема право на каење.
Поентата на филмот на Тарантино е, пишува The Times of London, дека добар Германец е само мртов Германец, со целосна концентрираност на тоа како тој ќе умре. За современа Германија тоа претставува враќање на деновите на жестока антигерманска пропаганда.
20.08.2008