Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Фридрих Фон Хајек – „Пат во ропство“

Пишува: Виктор Трифуновски


- остатоците на социјализмот во нашето секојдневие -


Најверојатно никој не го надминал Хајек, посебно не во модерната филозофија на правото и политичката економија, во смисла на доследно, аргументирано и мајсторско разобличување на големите историски заблуди, кои во ХХ век имале историска шанса засекогаш да го уништат основниот темел на модерно организираните општества.

Се работи за т.н “Конструктивистички рационализам“, односно за една фатална идеолошка заблуда, според која општествениот напредокот е можен преку свесно и усмерено управување од еден политички центар, како и тоа дека материјалното и духовното богатство можат да се мултиплицираат со политичко планирање на сите нивоа во општествениот живот.

Хајек во својата книга “Пат во ропство“, убедливо има докажано дека, во рамките на свесно диригираниот и политички управуван човеков живот, со командно-планска економија во општеството, се создава арбитрарна држава која понатаму продуцира тиранија и самоволие на политичките елити.

Во таквиот поредок нема, ниту вистинска слобода, ниту правна сигурност, ниту пак услови за реален економски развој од причина што приватната сопственост (како олицетворение на индивидуалните слободи, претприемништвото и стопанскиот прогрес) се наоѓа под директна пресија на државниот интервенционизам.

Таквата пресија секогаш создава социјална преоптовареност на стопанските субјекти, зголемување на трошоците на производството и пад на стопанските активности. Токму ваквата социјалистичка доктрина беше доминантна речиси низ целиот ХХ век. Таа најчесто се појавуваше во две варијанти:

Национал-Социјализам и Марксизам-Ленинизам. Ниедна од нив не беше во состојба да ги реализира ветувањата за “Праведно општество“, токму поради системските грешки кои произлегуваат најнапред од нивниот теоретски дефект, кој е највешто, најсликовито и најдетално разоткриен токму од Хајек, но и од неговиот современик Лудвиг фон Мизес.

Целокупната вистина за социјализмот и планската економија, која денес сите ја познаваме, пред се е дело на Хајек.

Термините “Праведно Општество“ и “Социјална Правда“, на социјалистичките диктатори им послужиле како филозофски темели за оправдување на тортура од секаков вид, како и за замена на владеењето на правото, со владеење на луѓето.

Поради сево ова, Хајек се појавува како одлучен противник не само на социјализмот, туку и на сите видови социјализација на економијата, и на било кој социјален инжинеринг.

Таквите појави за него се темел на демотивацијата, и на дестимулацијата на инвестициите, а со самото тоа представуваат и непријатели на напредокот на човековата цивилизација.

Наспроти сево ова, спонтаниот напредок на слободниот пазар, кој се одвива со доброволна размена помеѓу луѓето, е во согласност со човековата природа, која на секоја индивидуа и сугерира максимализација на профитот.

Спонтаниот напредок на слободниот пазар, начинот на негово функционирање и репродукција, се главните процеси со кој е окупиран Хајек во оваа книга.

Паралелно со таквата идеја, се промовира поредок кој потекнува од негативно дефинираните правила на праведно однесување. Тоа се правила кои на поединецот му сугерираат не што треба или што мора да прави, туку што не смее да се прави, што директно имплицира дека сите други активности се дозволени. На тој начин се обезбедува максимална слобода за секој поединец.

Понатаму, за правилата на праведно однесување вистински да профункционираат во пракса, потребно е интервенцијата на државата да се сведе во соодветни рамки.

Тоа значи дека владата во своите активности треба да биде многу строго ограничена. Таа не смее да ги пореметува процесите настанати како последица на спонтаниот поредок кој го создава слободниот пазар.

Таквиот чин на арбитража е почеток на кршење на правата на поединецот, и кога тогаш завршува со тиранија.

Слободниот пазар има своја логика и механизми кои се директна последица на вољата на сите луѓе, и доколку се дозволи интервенција на државата, со своите мерки да ги менува понудата, побарувачката и цените... или да врши “прераспределба“ на доходот во корист на одредени политички или социјални групи, се создаваат услови за политичка и економска парализа на целокупното општество.

Тоа е токму она што и се случува на Македонија од 1991 до денес. Огромни даноци, комплицирани регулативи, социјална држава дефинирана дури и во уставот, слаба заштита на приватната сопственост итн.

Хајек убедливо и аргументирано докажува дека ниеден државен интервенционизам не може да ги оствари идеалите “Социјална Правда“ и “Праведно Општество“, кои одсекогаш биле омилени пароли на социјалистичките диктатори. Па така Хајек ќе каже:

- “Праведно е се она што е заработено на слободниот пазар, без разлика дали е за тоа вложен труд или не. Доколку вреднувањето го вршат обичните луѓе, чии потреби се задоволени со нечие дејствие на пазарот, во тој случај креаторот на таквото дејствие заслужено може да ужива во сопствените благодети постигнати преку пазарниот успех. Но, и обратно... пазарниот неуспех, може да подразбира сиромаштија.
Ваквите појави, богатството и сиромаштијата, се сосема природни појави доколку се резултат на слободниот пазар. И само таквиот социјален статус, постигнат преку пазарното делување, може вистински да се нарече ПРАВЕДЕН.“

Ваквите мотивациони фактори, наметнати преку слободниот пазар, се клучен елемент кој го стимулира секој поединец на поголема продуктивност, иновативност, и општествена корисност.

Само преку пазарниот натпревар се постигнува мирољубиво поврзување меѓу луѓето и народите. Само спонтаните процеси на слободниот пазар доведуваат до најрационална употреба на знаењето, најрационално користење на предметите и средствата за производство, и технолошки натпревар кој квалитативно го менува животот на целата средина.

Наспроти сево ова, во строго контролираниот поредок, со командно-планска економија и висок степен на државна интервенција, нема вистинска конкуренција меѓу поединците, бидејки исходот од било кој економски процес однапред е познат или барем може лесно да се предвиди.

Во таквиот систем нема пазарен натпревар, ниту пак мотивационен фактор кој би донел богатство или сиромаштја за актерите на пазарот. Економскиот резултат од ваквиот процес секогаш доведува најнапред до диктатура, а понатаму и до назадување и општа беда. Примерите од праксата се многубројни.

Фридрих фон Хајек има теоретски изградено еден посебен правно-политички и економски ситем, пред се користејки ги идеите на класичните либерали. Ова е особено битно...

Имено, кога денес се користи поимот “Либерал“ најчесто се мисли на т.н “Политички Центар“ кој наводно во себе инкорпорира идеи од политичката левица и од политичката десница.

Политичката теорија во последните неколку децении, има навистина направено вистинска терминолошка конфузија, па така денешните “Либерали“ неретко се јавуваат со социјалистички идеи, што е нон-сенс во однос на Класичните Либерали, кои се темел на хајековата мисла.

Класичните Либерали, според денешниот политички вокабулар, би биле на страна на политичката десница, која е единствената (со одредени исклучоци)која денес им ја оддава заслужената почит, и спорведува најголем дел од нивните учења.

Класични Либерали, кои вреди да се споменат во оваа прилика се: Карл Менгер, Еуген фон Бем-Баверк, Дејвид Хјум, Џон Лок, Џон Стјуарт Мил... Од подоцните вреди да се споменат Фридрих фон Визер, Лудвиг фон Мизес и секако Фридрих фон Хајек.

Битна одлика на раните Класични Либерали е побивањето на т.н “теорија на работна вредност“ промовирана од Карл Маркс (особено тука се истакнуваат Карл Менгер и Еуген фон Бем-Баверк).

Имено, додека за Маркс вредноста на било кое добро, е определена според количината на труд која е содржана во самото добро, за Класичните Либерали од неговото време, вредноста ја даваат купувачите поединци согласно со своите потреби.

Според либералите, сизифовиот труд неможе да биде награден доколку за него не постои интерес на слободниот пазар. Идејата на Маркс, автоматски имплицира на арбитрарно мешање, од страна, и ништење на пазарните вредности, како и на сите мотивациони фактори кои од нив произлегуваат.

Хајек оди чекор понатаму, и аргументирано го побива “Њу Дил“ и интервенционизмот на Џон Мајнард Кејнз, кој конечно исчезнува 30 години по втората светска војна.

Така се удрени темелите на новата либерална економско-политичка мисла, овојпат наречена НЕО-ЛИБЕРАЛИЗАМ... за што заслуга, покрај Хајек, имаат и Лудвиг фон Мизес и Милтон Фридман.

Конечно, во 1974 година Фридрих фон Хајек ја добива нобеловата награда за економија. После половина век интелектуална борба, после сите прогонства од тоталитарна Европа, се испостави дека Фридрих фон Хајек и неговите истомисленици цело време биле во право.

Фридрих фон Хајек почина во 1993 година, на 95 годишна возраст. Живееше доволно долго, за да види дека сите негови предвидувања и анализи во врска со социјализмот и државната интервенција, се апсолутно непогрешиви.

Колку сме ние како индивидуи спремни за превземање на индивидуална акција на слободниот пазар, баш онака како што советува Хајек ..? Дали самите можеме да ја победиме апатијата на нашето општество, или ќе продолжиме да живееме како идеолошки поданици очекувајки спас од политичките елити..?

Толку ли ни треба да сфатиме дека државата ни е “тапа“ поради дејството на сите нас, а не поради имагинарни фактори и се поретко основани оправдувања..?

Ова се прашања за кои треба да размислиме сите ние... или барем сите оние кои себеси се сметаат разумни, зрели и одговорни личности.





Авторот е уредник на блогот capitalism.blog.com.mk


20.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika