Замислете дека имате илјада долари и сакате да ги потрошите на нешто супер. Можете да си купите нов компјутер, скап мобилен, да се облечете од глава до петици, или можете да си набавите механички крилја.
Cybertek крилјата би биле одличен избор ако правеа барем нешто. Меѓутоа функцијата им е исклучиво декоративна. Со притискање на копче, крилјата ќе се отворат и ќе се склопат седум пати.

Потоа ќе мора да причекате пет до десет минути да се создаде доволен притисок за повторно да можат да се отворат крилјата.

Врвовите на крилјата ги има во неколку бои, па така може да изберете меѓу црвена, зелена, жолта, лилјакова, или бела.

Мораме да признаеме дека на моделот изгледаат прилично добро. Е, сега прашање е како ќе изгледаат на вас, ако евентуално се одлучите да си ги купите.
19.08.2008