Можеби ви звучи неверојатно, но наскоро ќе може да се произведува дизел гориво од трева. Научниците од Универзитетот Колорадо моментално работат на проект на вметнување ген од дрвото Копаиба во други растенија, за и тие да можат да ја произведуваат супстанцата „олеоресин“.
Се работи за масло кое е одлична замена за дизелот, а само едно Копаиба дрво годишно може да произведе до 40 литри такво гориво.
Замислете цели подрачја покриени со трева која не бара наѓубрување, заштита со пестициди ниту боло какво одржување. А, потоа истата трева, по косењето продуцира посебен вид масло кое составен дел од дизел горивото.
Еден од водечките стручњаци од Универзитетот Колорадо долго време работи на проектот кој би овозможил црпење на погонското гориво од тропското дрво Копаиба, познато како „дизeл дрво“.
Овој вид на дрво, испушта посебна супстанца налик на дизел горивото. Следниот чекор на научниците е да ја истражат до крај причината за оваа синтеза, односно молекуларниот и генетскиот аспект присутен кај спомнатото дрво.
Познато е дека супстанцата наречена „олеоресин“ е добра замена за дизел горивото, а дрвото Копаиба е во состојба да произведе околу 40 литри гориво годишно.
Најголемиот проблем е што дрвото расте релативно споро и бара тропска клима за раст. Исто така, масовното одгледување на дрвото во тропските предели би предизвикало природен дисбаланс и би го забрзало глобалното затоплување.
Но, научниците смислија како ваквите нешта да се избегнат. Решението е во генетска модификација на трева и други видови растенија, со што и тие би ја произведувале супстанцата карактеристична за Копаиба дрвото.
Трева која произведува дизел гориво би била брилијантно решение, но научниците се помалку скептични. Најтешко ќе биде да се изведе самата генетска модификација. Бидејќи повеќето растенија се размножуваат преку полен, постои опасност од општа контаминација кога генот „ќе се пушти во етер“.
Сепак, она што е најзначајно е што ваквиот проект не бара инфраструктурни промени, а горивото добиено на овој начин би се користело за погон на сите видови возила без потреба да се модифицираат.
19.08.2008