Погледнете како се одржува најславниот задник на светот
Иако пред 6 месеци ги роди близнаците Макс и Ема, Џенифер Лопез веќе е во акција и со полна пареа се подготвува за хуманитарниот триатлон во Њујорк. Видео!
Сакајќи да ги изгуби вишокот на килограми што ги имаше поради бременоста, латино ѕвездата се реши да се впушти во проект кој, според неа, „ќе ја натера да направи нешто конкретно и да не се откаже толку лесно“. Горда на својата одлука, ги повика американските новинари на својот утрински тренинг.
38-годишната ѕвезда се заинтересирала за триатлон кога беше во осмиот месец од бременоста: „Видов на телевизија и веднаш ме привлече. Помислив дека и јас би можела да учествувам следната година. И еве ме!“, гордо рече Лопез додавајќи дека нејзиното семејство не е изненадено од новиот потфат, бидејќи „отсекогаш била трпелива и работите ги туркала до крај“.
„Мора да почнете полека и да си дадете време. Обожавам предизвици и испитување на сопствените граници. Признавам, пливањето ми е најтешко во целиот процес, вели Џенифер Лопез, која со триатлонот ќе се соочи на 14 септември во Малибу и така ќе помогне во собирање пари за детската болница во Лос Анџелес.
За што помалку да биде одвоена од своите деца, сопругот Марк Ентони на нивниот имот направил теретана, па често друштво и прават 6-месечните Макс и Ема.
„Тешко ми е кога сум одвоена од децата. Сакам кога сме по цел ден заедно, кога немам обврски и кога можам да ги гледам како растат и живеат“, вели Џенифер и додава дека живее во најубавиот период од нејзиниот живот.
Малечките, признава, ја инспирирале за нов албум, па им вети на обожавателите нешто ново.
Погледнете го успешното деби на Марадона Во натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора Нашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет Завршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија Поранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки Капитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари Напаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ Челниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.