Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Машина за читање на мозокот


Понаивните веруваат дека армијата со добри намери ги прави овие истражувања, а оние позагрижените тврдат дека технологијата ќе биде употребена и за испитување на заробеници. Хм....

Наоружани со четири милиони долари обезбедени од американската армија, научниците го проучуваат мозокот со цел да ги откријат начините на кои луѓето размислуваат и кому ги насочуваат тие мисли.

Војската тврди дека читањето мисли би било од голема корист при комуникација со војници на кои во битка им е оштетен мозокот, но многумина се загрижени дека оваа технологија би можела да биде искористена и за испитување на заробениците.

Истражувањето заедно го прават Универзитетот во Калифорнија, Универзитетот Карнеги Мелон и Универзитетот во Мериленд.


Научниците ја мерат активноста на мозокот со помош на електроенцефалограф. Доброволците на глава носат специјална капа со електроди. Научниците им даваат збор за кој треба да размислуваат и потоа ја анализираат активноста на мозокот.

Во иднина, се надеваат дека ќе развијат софтвер кој од анализите на активноста на мозокот ќе може да ги препознае мислите и да ги изговори.

Водачот на истражувањето Мајкл Д`Змура вели дека системот нема да може да се користи без согласност на испитуваникот. Користењето на уредот ќе бара интензивно вежбање, а според неговите зборови, со години сме далеку од готов уред.

„Уште утрово точно и кажав на мојата секретарка дека има недозволена афера со пензиониран препаратор на животни, кој го сретнала во некоја перална. Исто така открив дека таа ужива во неговото друштво и дека неговиот пенис е поголем отколку на нејзиниот сопруг“, се пошегува Д`Змура, очигледно сакајќи да ги оттргне сомнежите на јавноста за ваквиот проект поддржан од армијата на САД.

19.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika