
Руската атлетичарка влезе во историјата со феноменалниот скок од 5.05 метри. Во драматична завршница, откако ги елиминираше конкурентките, Елена Исинбаева приреди фасцинантно шоу. Погледнете!
Исинбаева супериорно ги заврши Олимписките игри во скок со стап. Со само два скока (4.70 и 4.85), го освои златото, со третиот од 4.95 направи олимписки рекорд, а потоа се реши да го турне и светскиот, кој се разбира е во нејзина сопственост.

Откако остана само таа да се натпреварува, по двата неуспешни скока на 5.05 побара неколку минути за концентрација. Потоа, се врати и со маестрален скок ги направи горди сите Руси, како и сите нејзини обожаватели.

Потврда за нејзината супериорност е и фактот дека второпласираната Американка Џен Стуџински прескокна 4.80, додека третопласираната Русинка Светлана Феофанова 4.75 метри.
18.08.2008


















Малкумина се оние кои себеси можат да си дозволат било каков стан во Лондон, а да не зборуваме за оној најскапиот и најлуксузниот во цела Велика Британија. Меѓутоа, има и такви среќници кои можат да ’издвојат’ вртоглави 65 милиони фунти од својот домашен буџет и да го купат токму тој, најскап и најлуксузен стан во Британија, кој се наоѓа во самиот центар на Лондон.






