На фестивалот V, Ејми покажа дека се уште има сериозни проблеми. Поради очајниот изглед и заборавените текстови Вајнхаус мораше да ја убедува публиката дека не е на дроги.
Првиот ден од настапот на фестивалот В, контроверзната пејачка се прикажа во загрижувачко издание, а ништо подобра не беше ни на сцената.
Така, за време на настапот го заборави текстот од песната Back to Black, која ја прослави, со што ја разочара публиката. Истото се случи и со песната Wake Up Alone, која ја посвети на својот сопруг
Блејк Филдер-Сивил кој моментално е в затвор.

Тоа што заработи свирежи,
Ејми ја поттикна на вториот концерт, само ден потоа, да се појави во посвежо издание, со цвеќе в коса, а и песните некако подобро и одеа.

Гламурозниот изглед сепак кратко траеше. Откако ги одработи двата настапи, кога се враќаше дома во Камден, Ејми изгледаше прегазено, со болна гримаса на лицето.
18.08.2008