Рускиот милијардер Владислав Доронин ќе се обиде да ја скроти проблематичната манекенка. Како што пишува магазинот Сан, Наоми Кемпбел се согласила да биде руска невеста.
Дивата манекенка наводно им се пофалила на пријателите дека рускиот милијардер
Владислав ја запросил, а таа прифатила и одлучила конечно да се омажи.
Таа им раскажала на своите пријатели дека планираат да направат невидена венчавка. Освен нејзините блиски пријатели оваа вест во медиумите ја потврдија и гостите во еден клуб во Сардинија кои го слушнале овој муабет од
Наоми.
Една од најуспешните манекенки во светот и Владислав Доронин се запознаа за време на филмскиот фестивал во Кан. Проблематичната убавица тогаш беше во врска со бизнисменот
Маркус Елијас.
Како што пишуваат таблоидите, Наоми и Елијас на својата луксузна јахта која пловела по француските води, го поканиле и Владислав, кој набрзо потоа му ја украл девојката на својот пријател.
18.08.2008