Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Медицински феномен: Преживеал по 15 минути без кислород


Тригодишниот Лазар Огњеновиќ е вистинско медицинско чудо. Иако цели 15 минути поминал во ледена вода и не само што преживеал, туку и одлично напредува.

Првиот пат, кога на 18 април годинава, чикашкиот пожарникар Брајан Ото го здогледал малиот Лазар, тој безживотно лежел во ладната вода на длабочина од преку три и пол метри во езерото Мичиген.

Четири месеци подоцна, Ото се дружеше и играше со здравиот и среќен Лазар на забавата во детската болница во Чикаго, пишува Чикаго Сандеј Тајмс.


Лазар Огњеновиќ и неговите родители ја напуштија болницата, откако беше приредена прослава со медицинскиот персонал и пожарникарите.

Д-р Леон Епштајн и другите доктори на прес-конференцијата изјавија дека модерната медицина не може целосно да објасни како некои луѓе успеваат да преживеат после толку долг престој во ладна вода.

„Тој е апсолутно нормален. Се движи, зборува и се однесува како секое тригодишно дете”, изјави д-р Епштајн.


На кобниот 18 април, Станко Бојановиќ ја туркал количката со внукот Лазар низ пристаништето Белмонт. Силниот удар на ветрот во еден момент ја одвеал количката во езерото. Српскиот емигрант Бојановиќ не знаел англиски, но сепак очајнички барал помош, покажувајќи во водата и викајќи: „Дете, дете!!!“

Откако очевидците повикале итна медицинска помош, набрзо пристигнал и тим пожарникари со хеликоптер за спасување од воздух и од море.. Бојановиќ скокнал во водата, но не можел да го најде несреќниот внук.

Среќна околност била што припадници на спасувачки тим нуркачи имале вежба во езерото, што придонело побрзо да биде откриен Лазар.


Кога нуркачите го извлекле на брегот, малиот Лазар немал пулс, но докторите не се предавале. Поради ниската температура, медицинскиот тим знаел дека постојат многу мали шанси детето да се спаси.

Докторот Марк Адлер од болницата во Чикаго изјави дека на малиот му давале кислород и се обидувале да му се врати притисокот.


Лазар во болницата бил донесен без никакви мозочни активности, но 45 минути подоцна, неговото срце почнало повторно да чука!

Идните неколку недели ги минал на интензивна нега, а неколку месеци потоа на рехабилитација. Пред несреќата знаел само српски, но по неколку месеци поминати во болницата во која му посветиле големо внимание, малиот Лазар сега одлично зборува и англиски јазик.

Мајката на Лазар, која не сакала да и се спомнува името, рекла дека е „многу среќна“ што живее во Чикаго, кој има пожарникари и доктори кои му го спасиле животот на нејзиниот син.


16.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika