Некои од нив навистина биле уверливи, за некои требало педесет години за да се откријат, а за некои и денес се верува дека се вистинити.... Најизмамничките измами во светот!
Самовилите од Котингли – Братучетките
Елси Рајт и
Френсис Грифит имале само 16 и 10 години кога ги направиле петте лажни фотографии на кои имало самовили во нивната градина.
Дури успеале да го излажат и авторот на Шерлок Холмс, познатиот писател сер
Артур Конан Дојл кој поверувал во фотографијата и потоа изјавил дека верува оти постојат мали луѓе кои личат на самовили.
Дури во 80-те години, кога авторките беа старици, се откри дека самовилите всушност биле хартиени силуети, а фотките претставуваат едни од првите екстра успешни фото монтажи.
Туристот од 11 Септември – Оваа интернет измама стана популарна по нападите на 11.09 на Светскиот трговски центар, но докажано е дека станува збор за обична монтажа.
Чудовиштето од Лох Нес – Познатата фотографија на Неси е всушност одмазда на
Крис Спарлинг кон весникот Дејли Меил (каде што за првпат е објавена фотографијата), кој таму е посрамотен поради некој друг случај. Се работи всушност за играчка подморница на која е монтирана лажна глава.
Мили Ванили – Поп дуото кое заработи милиони, беше откриено дека мами кога снимката на која пееја се прекина среде концерт. Потоа се откри дека никогаш не ни отпеале нешто од своите песни, односно дека тие само се појавувале на сцена, а гласовите биле туѓи. После ова ’откритие’ милиони бесни Американци ја тужеа нивната издавачка куќа Ариста Рекордс барајќи да им се вратат парите.
Човекот од Пилтдаун – Овие лажни фосили ги измамија научниците од Британскиот музеј, кои во 1912 кога официјално беше претставен Човекот од Пилтдаун тврдеа дека се работи за алката што недостасува во еволуцијата на човекот. Дури во 1953г. се откри дека се работи за измама, а собраните коски биле од различни животни.
Војна на световите – Филмскиот режисер
Орсон Велс во 1938 г. продуцираше радио пренос од новелата на Х.Г. Велс за инвазија на вонземјани. Тоа било направено толку реалистично, што милиони Американци поверувале дека се работи за вистинска инвазија и во паника ги напуштиле своите домови.
Аутопсија на Вонземјанинот од Розвел – Британскиот филмски продуцент
Реј Сантили тврдеше дека дошол до автентична снимка од 1947 година која ја покажува обдукцијата на вонземјанинот откако нивниот летечки брод се срушил. Но, се откри дека всушност тој бил творецот на филмот, скоро 50 години подоцна.
Човекот што ја продаде Ајфеловата кула -
Виктор Лустиг, еден од најголемите измамници во историјата, во 1925г. откако во весник прочитал дека градските власти имаат парични проблеми со одржувањето на кулата му текнало страшна идеја.
Претставувајќи се како владин службеник договорил состанок со шестмина трговци со старо железо. Им кажал дека градот нема повеќе пари со кои би ги намирувале огромните трошоци потребни за одржување на кулата и дека поради тоа сакаат да ја продадат во старо железо.
Андре Поисон наседнал на приказната и ја купил кулата, а Лустиг со првиот воз побегнал во Виена со торба полна пари. Поисон бил толку посрамотен што не го пријавил во полиција.
Вортигерн – Не се работи за соперник на
Хари Потер, туку за дело кое наводно било напишано од
Шекспир. Но, откако била одиграна претставата во 1796 година, истата била исмеана од публиката и се открило дека делото го напишал
Вилијам Хенри Арјланд.
15.08.2008