Британска полицајка експресно е суспендирана откако нејзините колеги откриле дека нудела сексуални услуги, кои успешно ги рекламирала преку ескорт веб сајт.
Таа е една од осумте жени и шест мажи кои биле уапсени во акција против проституција и корупција во средна и северна Англија.
Полицајката, припадничка на полицијата во Нортумбри била една од т.н. „Озлогласени девојки“ од веб страната која ја воделе
Нил Лок и неговата сопруга
Натали.
Полицијата верува, иако на сликата нејзиното лице е заматено, дека таа е ескорт дамата со „работно име“
Кели.
„Чудно е што активна полицајка се заплеткала во вакво нешто. Требало да биде свесна дека се коцка со сопствената кариера. Доколку внатрешната контрола утврди дека е виновна, готова е. Никогаш повеќе нема да може да работи како полицајка", велат од полицијата.
„
Озлогласените девојки пружаат најдобра вредност за вашите пари. Вашето задоволство е загарантирано!!!“, тврди рекламата на веб страницата, но девојките морале да плаќаат по 117.5 фунти за да бидат регистрирани на сајтот.
Цената за нивните услуги се движи од 50 фунти за половина час, до 1.650 фунти за две девојки за 24 часа.
Дека работата не им одела лошо, потврдува брачниот пар Лок, и двајцата 27-годишни кои возат Бентли и живеат во вила со своите две малолетни деца.
Тие тврдат дека не прават ништо нелегално. Велат дека наплатата била исклучиво за „дружење“, а се што се случува понатаму „е работа помеѓу две или повеќе полнолетни лица“.
14.08.2008