Годишната заработувачка од препродажба на Интернет домени во светот достигна една милијарда долари на годишно ниво, се наведува во проценките на списанието DN Journal.
Според проценките што ги направи
Рон Џексон од магазинот DN Journal кој ги следи јавните препродажби на домените, вредноста на овие трансакции во 2006 била 700 милиони долари, а оттогаш расте за над 10% годишно, пренесува магазинот Форбс.
Најмногу може да се заработи од продажбата на домени кои имаат кратка и јасна содржина, а ја содржат и додавката .com, како на пример домените porn.com и fund.com.
Основната цена на еден домен изнесува околу 10 долари, а најскапо продаден во изминатиот период е токму доменот fund.com, кој извесна финансиска компанија го плати 10 милиони долари.
Домените со кратенки, кои содржат три до четири букви се зафатени веќе десетина години, поради што за да се дојде до нив треба да се издвои поголема сума пари.
Поради тоа цените на домените чие име наизглед не значат ништо, како на пример npt.com или czj.com се продаваат и над 1000 долари, а најголема цена за таков домен е забележан во март кога француската фармацевтска компанија Contract Pharmacal Corp (CPC) го купи доменот cpc.com за 202 илјади долари.
Сопственикот на сајтот DN Forum,
Адам Дикер вели дека на шпанскиот премиер
Хозе Луис Запатеро му го изнајмил доменот zp.com за предизборната кампања. „Можеби тоа и му помогна да биде повторно избран“, вели Дикер со напомена дека Запатеро добро платил за доменот, кој повторно е на продажба.
Дел од домените се продаваат на јавни аукции, а во првата половина на годинава, приходот од јавните продажби достигна 68 милиони долари, што е за 12% повеќе од лани.
Препродажбата на домени во Македонија е забранета и е строго регулирана.
14.08.2008