Сакате да купите МП3 плеер, но главниот критериум не ви е големината на меморијата, димензиите на уредот, квалитетот на звук или дополнителните опции? Можеби ви е најважно уредот убаво да мириса?
Нема проблем, ако вие си замислите такво нешто, ние сме тука да го најдеме вистинскиот производ за вас. iCool е MP3 player со многу мал капацитет, има само 256 мегабајти. Но, без гајле можете да му додадете меморија со SD картичка.
Уредот потсетува на штоперица, а тука негде е и со димензиите.

Може да се најде во 18 бои, поделени во четири серии. Сериите Addiction, Fruit i Love мирисаат, па така можете да избирате меѓу мириси на марихуана, кекс, кафе, лимон, јагода, вишна, боровинка, роза или чоколадо.
На уредот можете да сменувате маски, а може да се поврзе и на компјутер преку USB. Плеерот свири MP3, WAV и WMA формати.
Повеќе:
www.audiotronic.com
12.08.2008