52-годишна Шпанка тврди дека е ќерка на познатиот сликар Салвадор Дали. За да ја докаже својата приказна пред осум месеци направила ДНК тест, но резултатите никогаш не стасале.
Интересно е и тоа што тоа не е првпат да го добие нејзиниот тест, а со оглед на тоа што и на претходното тестирање не ги добила резултатите, 52-годишната
Пилар А. се реши да побара правна помош.
Таа тврди дека
Салвадор Дали имал афера со нејзината мајка која работела како слугинка во фамилијата каде што уметникот често се одморал налето во Кадакес, Каталонија.

Пилар наводно ја поддржува и
Николас Дешарн, син на
Роберт Дешарн, пријател и автор на биографијата на Салвадор Дали, чие што семејство ги има добиено спорните ДНК резултати.
Останатите членови на семејството Дешарн досега се немаат произнесено, а доколку не прекинат со молкот, Пилар до одговорот ќе дојде со судски налог.
Токму семејството Дешарн располага со целото наследство на Дали.

Салвадор Дали, шпански сликар, скулптор и еден од клучните личности на надреализмот, зад себе остави големо уметничко наследство. Доколку ДНК тестот го потврди тоа, Пилар е единствениот потомок на големиот уметник.

Таа тврди дека не е мотивирана од можната финансиска корист од огромното богатство што ќе го добие како наследство туку дека „сака да го открие вистинскиот идентитет на својот татко“.
12.08.2008