Бетмен не запира, веќе четврта недела шестото продолжение за славниот суперхерој, Мрачниот витез, е на врвот на листата на најгледаните филмови во Америка.
Филмот во минатиов викенд заработи 26 милиони долари, а вкупната заработка порасна на над 441 милиони долари од 14 јуни, кога почна неговото прикажување во американските кино сали.
Само седум филмови во историјата имаат заработено над 400 милиони долари на американскиот и канадскиот пазар, а води
Титаник, од 1998 со нешто над 600 милиони долари.
Мрачниот витез засега е на третото место веднаш зад второпласираниот
Војна на ѕвездите од 1977 година со заработка од 461 милиони долари.
12.08.2008