logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Видео: Бескорисна апликација за 1000 долари!?!

Пред Apple да ја отстрани i Am Rich апликацијата од своите iTunes App Store осуммина луѓе платија неверојатни 999.99 долари за апликацијата која не прави ама баш ништо. Или што би рекле кај нас, само за чалам! Автор на апликацијата е германскиот информатичар Армин Хајнрих, а после активацијата на екранот на иФонот само се појавува црвен рубин ... и тоа е се! На App Store покрај оваа апликација која се продаваше за 1000 долари стоеше описот: „Црвената икона на вашиот iPhone или iPod Touch ќе ве потсетува вас (или секој на кому ќе му го покажете вашиот уред) на тоа дека сте биле во можност да ја купите оваа апликација... Ова е уметничко дело без никакви скриени функции“. Во превод, германскиот информатичар продаваше ветер во магла. Гордите, или ако сакате, насамарени сопственици на оваа апликација се шест Американци, еден Германец и еден Французин. Нема податоци колкав буџет имале сопствениците на „Јас сум богат“ апликацијата, но секако знаеме дека Хајнрих е побогат за неколку илјади долари.... И дека чаламџии нема само кај нас, туку и во целиот свет.

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4556