Пред Apple да ја отстрани i Am Rich апликацијата од своите iTunes App Store осуммина луѓе платија неверојатни 999.99 долари за апликацијата која не прави ама баш ништо. Или што би рекле кај нас, само за чалам!
Автор на апликацијата е германскиот информатичар Армин Хајнрих, а после активацијата на екранот на иФонот само се појавува црвен рубин ... и тоа е се!
На App Store покрај оваа апликација која се продаваше за 1000 долари стоеше описот:
„Црвената икона на вашиот iPhone или iPod Touch ќе ве потсетува вас (или секој на кому ќе му го покажете вашиот уред) на тоа дека сте биле во можност да ја купите оваа апликација... Ова е уметничко дело без никакви скриени функции“.
Во превод, германскиот информатичар продаваше ветер во магла.
Гордите, или ако сакате, насамарени сопственици на оваа апликација се шест Американци, еден Германец и еден Французин. Нема податоци колкав буџет имале сопствениците на „Јас сум богат“ апликацијата, но секако знаеме дека Хајнрих е побогат за неколку илјади долари.... И дека чаламџии нема само кај нас, туку и во целиот свет.
Погледнете го успешното деби на Марадона Во натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора Нашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет Завршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија Поранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки Капитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари Напаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ Челниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.