Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Секс на плажа


Дали некогаш сте фантазиралe за во ’Џејмс Бонд’ стил да водите љубов негде на отворено, покрај шумот на морските бранови под идиличното светло на месечината. А, што ќе речете откако ќе го прочитате текстов?

Лето е и конечно сте на заслужен одмор со партнерот или партнерката, или сте слободни, а се надевате дека ќе влета некоја шема, бидејќи сте и тоа како спремни за летна авантура...


Како и да е, колку сексот на плажа да звучи примамливо, возбудливо и романтично, мора да бидете внимателни, за да не се случи потоа да се каете што сте се решиле да си ги реализирате сексуалните соништа.

Еве неколку совети:

Не во јавност!
Мирисот на морето, шумот на брановите и разголените тела можат да делуваат напалувачки, но ако ве фатат на јавно место за време на сексуалниот чин, посебно со новиот закон, за брзо ќе се вратите во суровата реалност.

Не само што ќе ви го испразнат паричникот, туку може и да ве приведат. А, тоа дефинитивно не е романтично, нели? И затоа внимателно изберете некои скришно место, далеку од баровите на плажа, приватните куќи и шеталиштата.


Ќе изгорите, ама не од страст!
Иако во поголемиот број случаи сексот на песочна плажа се одвива ноќе, некои уживаат (или не можат да издржат да почекаат) и дење, а тогаш постои огромна можност кожата на некои делови кои обично не се изложени на сонце да ви изгори.

Не е баш препорачливо да прекинете со сексот за да ги намачкате тие делови од телото со заштитен крем. За да не ја уништите спонтаноста, а и да не ви здожежи на газето пронајдете некое место под сенка или каде што воопшто не допираат сончевите зраци.


Уф, боли!
Ако можете да избирате меѓу песочна плажа, карпи и камчиња, одберете го ’најмазното’ место кое е најдобро за да се тркалате по него. Во моментот на страст можеби ќе заборавите на ова, или нема да ви се чини важно, но последиците ќе ги почувствувате за кратко.


Бидете внимателни со песокот
За многумина најромантично место за секс е песочната плажа, но таа е исто така проблематична. Насобраните зрнца песок во и на вашето тело може да предизвикаат проблеми.

Дури и кога лежите на послано, зрнцата песок можат да влезат во вагината и под кожичката на пенисот и може да предизвикаат големи болки за време и по сексот. Исто така, постои можност од песокот да се изиритира чувствителната кожа околу вагината. Песокот може да го скине и кондомот, а ги знаете евентуалните кобни последици од ваквото сценарио.


Секс во вода
Внимателно и овде! За време на сексот во вода може да дојде до внесување на разни бактерии во вагината и затоа, ова не е баш најдобра идеја. Сексот во вода ве носи во опасност од инфекции. Ако користите кондом со спермициден гел, водата може да го измие.

Можеби ве разочаравме, можеби ви уништивме дел од романтичните соништа, но верувајте, добро е да се знаат ваквите причинско-последични врски. Сепак, наше е да ви кажеме, а крајната одлуката секако е ваша!


9.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika