Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Германец одбил да земе два милиони фунти добиени на лотарија?


Што мислите, колку е стара оваа вест, која денес ја објави еден забавен портал, преземајќи ја најверојатно од агенцијата Нетпрес, без притоа да го наведе изворот?

Долго време од објективни причини се двоумев дали воопшто да се занимавам со нив, но да се објави вест стара една година, без притоа да се провери информацијата е во најмала рака непрофесионално.

Забавниот портал (еве им бесплатна реклама) кој треска најмногу глупости на пиксел квадратен денеска ’пријатно’ ме изненади со веста што ја презеде од агенцијата Нетпрес (без притоа да наведе од каде е преземена) за некој Германец кој добил многу пари на лотарија (2 милиони фунти), а не сакал да ги земе парите.

Се` ќе беше во ред, ако не се работеше за вест на која и е поминат рокот уште одамна. Имено, покрај тоа што не е точно наведен градот (се работи за Хамелн, а не Хелмен), веста е стара, верувале или не, од септември 2007. Колку за информација, денес е 8 август 2008.


Оригиналните вести со датум од 19 септември 2007:

German Man refuses 2 Million Euros Lottery money

Man refuses R19m lottery win

Man refuses $4 million lottery win

Преземената вест од 08 август 2008:
Германец одбил да земе два милиони фунти добиени на лотарија


П.С. Можеби некој ќе се лути или ќе биде навреден од ваквите укажувања, но, факт е дека како портали не можеме да добиеме имиџ на сериозност, ако секој презема од каде што ќе стигне (информациите што ги објавува Таратур безобзирно ги КРАДАТ уште најмалку 5-6 т.н. забавни портали), и ако никој не ја проверува дотичната информација.

Навистина, да го напишеш Робињо како Робин, на секое да оставаш хрватски падежи при имињата, Џесика Алба да ја наречеш Албина, Рамос да го напишеш како Рамосо, момчето аутист да го преведеш во акустичен .... е навистина треба да си талент!

8.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika