Човекот пиел млеко и во 7000г. пред Христа, или две илјади години порано отколку што се мислеше, заклучува студијата која ќе биде објавена во британскиот стручен магазин Nature.
Експертите кои истражиле над 2.200 земјени садови на Блискиот исток и на Балканот заклучиле дека млекото на ова подрачје се добивало и чувало пред повеќе од 6.500 години пред нашата ера.
Говедата, овците и козите се одгледувале и во осмиот милениум пред Христа, пред се` поради волната и месото, но и поради млекото. Но, ова е првпат да е пронајден доказ дека нивното млеко се конзумирало и пред петтиот милениум пред нашата ера.
Најстарите докази за потрошувачката на млеко досега беа пронајдени во Англија (почеток на 4 милениум пне) и во Романија (5.000 години пред Христос).
Органските остатоци од млекото откриено во земјени садови кои ги испитала екипата на
Ричард Евершед од Универзитот во Бристол, покажаа дека молзењата на стоката биле пораширени во подрачјата каде преовладувале говеда, отколку на оние каде што повеќе имало овци и кози.
Научниците ги испитувале лонците пронајдени во северозападна Анадолија, југоисточна Европа и Украина.
7.08.2008