Ова не можеше да го предвиди дури ни Жил Верн. Германски научници на самото дно на Атлантикот пронајдоа нешто неверојатно – најтоплата вода на Земјата, со температура од над 400 степени. Видео!
Германските научници тврдат дека длабоко во Атлантикот ја пронашле најжешката вода на Земјата.
“Станува збор за вода, но не таква каква што ја знаеме“, изјави
Андреа Кошински Фриче од бременскиот универзитет Јакобс за New Scientist.
Три километри под површината на морето ’оџаци’ од сулфид, ’седат’ на голем меур од магма и испуштаат вода со температура поголема од 400 степени Целзиусови.
Водата, всушност е мешавина на течност и гас и се вбројува во таканаречените посебни флуиди, кои научниците успевале да ги произведат само во лабораторија.
Овие посебни флуиди ги имаат карактеристиките на вода и на гас. Се создаваат во момент на голем притисок и кога температурата ќе порасне над одредена критична точка, објаснуваат германските научници.