Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Татко на 111 години!


Новозеландскиот рептил Хенри, по 30-годишна апститенција од секс ги доби своите први потомци спарувајќи се со 80-годишната Милдред во Саутленд Музејот на Нов Зеланд.

Новозеландскиот рептил туатара – еден од последните живи рептили, потомци на диносаурусите по прв пат стана татко и тоа во 111 година од животот.

Милдред, 80-годишната партнерка на Хенри, во средината на јули изнесе 12 јајца во Southland Museum на новозеландскиот Јужен остров.

Туатара е влекач кој живее само на подрачјето на Нов Зеланд и припаѓа на одамна изумрените рептили од редот Sphenodontia.

Тој е роднина и со гуштерите и со змиите. Единствен преживеат претставник е од видот кој пред 225 милиони години шетал на земјата заедно со диносаурусите, велат зоолозите.

Хенри во посебен оддел на Саутлендскиот музеј живее од 1970 година и до неодамна не покажуваше интерес за секс, се додека од гениталиите не му беа отстранети канцерогените израстоци.

Сега ужива во друштво на три женки и се очекува дека во март повторно ќе се пари. Кај овие рептили само предиграта би можела да трае со години, па треба да се биде трпелив.

6.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika