Да не се правиме наивни, аналниот секс е се` поприсутен во врските и на некои им претставува гоооолемо задоволство. Се разбира, има и такви што сакаат да пробаат, но за тоа не знаат доволно. Затоа еве кратки совети за почетниците!
Ако сте од оние што сакаат да експериментираат и веќе сакате да го искусите аналниот секс, за да ви ја олесниме работата и да ве воведеме во овој предизвик, ќе ви понудиме и неколку совети.
1. Пред се` лубрикант
Без лубрикант ни под разно не помислувајте на анален секс.
2. Не заборавајте кондом
За да ја спречите можноста од инфекции и полово преносливи болести, кондомот е задолжителен за анален секс, а и пенетрацијата е полесна.
3. Важно е да се опуштите
Ништо нема да ви помогне како опуштеноста. Кога сте опуштени и мускулите се опуштаат, па пенетрацијата ќе биде полесна и побезболна.
Илустрација од 1892 година, направена од Едуард Анри Аврил за книгата Les Sonnetts Luxurieux од Пјетро Аретино
4. Со сила убавина нема
И ако сите претходни точки се задоволени, ако туркате на сила може само да го искомплицирате целиот чин и да и нанесете болка на партнерката. Немојте премногу да се внесете и да заборавите на партнерката. Набљудувајте ги реакциите, така најдобро ќе видите дали правите како што треба. И без брзање!
5. Спречете ги инфекциите
Ако имате на ум да комбинирате анален со вагинален секс, важно е да се погрижите за хигиената. Инаку многу лесно ќе пренесете некоја инфекција. Затоа прво измијте ги органите пред следната пенетрација.
6. Пракса, пракса и само пракса
И на крај, праксата најмногу ќе ви помогне аналниот секс да ви биде вистинско уживање. Првиот пат секогаш е најтешко, но кога ќе се извежбате задоволството е се поголемо.
5.08.2008