Добитникот на Нобеловата награда за книжевност, кој поради своите реални прикази на животот во советските работнички логори беше протеран од СССР, почина во 89-година од животот.
Добитникот на Нобеловата награда за книжевност, некогашниот советски дисидент
Александар Солжењицин почина синоќа во 89 година од својот живот, јавија денеска руските медиуми.
Агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на книжевните кругови во Москва, наведува дека Солжењицин последните неколку месеци не бил гледан во јавноста.
Како причина за неговата смрт се наведува мозочен удар. Најпознато дела на Солжењицин е „Архипелагот Гулаг“ од 1973 година каде ги опишува сите стравови од теророт на
Сталин во Советскиот Сојуз.
Тој бил протеран од Советскиот сојуз, каде повторно се вратил во 1994 година. Солжењицин, роден во Кисловодс во 1918 година, бил припадник на Црвената армија за време на Втората светска војна.
По војната бил обвинет за антисоветска пропаганда и казнет со осум години престој во работен логор.
4.08.2008