За оние партнери кои се чувствуваат несакано или запоставено во бракот или врската, а сакаат да ја задржат, ќе можат да побараат утеха на еден веб сајт. Дискрецијата е загарантирана!
Без разлика на причината што не се задоволни во бракот или во врската, на Британците им се нуди помош на страницата
illicitencounters.com.
Ако се чувствуваат запоставено во бракот, а сакаат да останат во него од било какви причини, или едноставно се желни за љубов, со неколку кликови, Британците ќе можат да се усреќат или да внесат малку возбуда во животот.
„Ќе се изненадите кога ќе сфатите колку луѓе има со ист проблем“, пишува на страницата како утеха.
Покрај тоа на веб сајтот со големи букви стои и следното предупредување:
„Не можат сите да имаат афера. Аферата не е решение за спас на бракот или за негов крај. Немаат сите афери позитивен ефект на бракот, тие можат и да му наштетат. Секогаш имајте ги на ум и туѓите чувства, а ако се впуштате во афера, ве молиме паметно да го одберете партнерот“.
Па, умот в глава и .... да отвориме ваков сајт кај нас а?
4.08.2008