Палеонтолозите во јужна Полска открија фосилизирани остатоци од диносаурус за кој велат дека е досега непознат предок на Тираносаурус рекс. Грабливецот живеел пред околу 200 милиони години.
Непознатиот предок на Тираносаурус рекс, со работно име „Змејот“ живеел пред околу 200 милиони години, изјави за Ројтерс д-р
Томаш Сулеј од Полската академија на науки.
Бил долг пет метри и се движел на две нозе, а неговите најголеми заби биле долги седум сантиметри.

„Ова е целосно нов вид диносауруси кои досега се непознати“, вели Сулеј (на сликата).
„Никој не очекуваше дека припадниците на оваа група живееле во тоа време и овие податоци фрлаат ново светло на целата еволуција на Тирексот“.
Остатоците од диносаурусот ископани се во селото Лисовице, оддалечено од Варшава околу 200 километри.
Палеонтолозите ќе продолжат да ги проучуваат коските и целосно ќе го документираат откритието пред да одлучат кое научно име ќе му дадат на новиот диносаурус.
4.08.2008