logo
Објавено на Таратур (http://www.taratur.com)

Откриена порно колекција на Кафка

Во склоп на новите истражувања за животот на познатиот писател Франц Кафка, откриена е колекција на експлицитна порнографија што му припаѓала. Според Тајмс [1], научниците намерно ја игнорирале оваа колекција, за да го зачуваат неговиот имиџ. Академик Џејмс Хејвс, инаку стручњак за Кафка, ја пронашол збирката случајно, додека ги истражувал копиите од дневниците на Кафка во „Британската библиотека“ во Лондон, како и Бодлиен во Оксфорд. Хејвс истакна дека ова откритие е премногу важно бидејќи ја прикажува човечката страна на Кафка, наспроти неговиот досегашен имиџ на „светец“. Некои од еротските материјали од колекцијата на Кафка, Хејвс ги објавил во својата книга „Ископувајќи го Кафка“, која е објавена пред еден месец. Интересно е дека токму издавачот на порнографските материјали, Франц Блеј, прв ги објавувал делата на Кафка – во 1908 година објавил серија мини приказни, подоцна собрани во книгата „Медитација“. „Оваа збирка е нешто што и во денешно време би се криело на врвот на некоја полица. Ова не се некои скокотливи разгледници од плажа, ова е недвосмислена порнографија, чиста и едноставна. Добар дел од колекцијата е мрачен и непријатен“, вели Хејвс. „Бројни академици се преправаа дека оваа збирка не постои, бидејќи ’Кафкината индустрија’ не сакаше ваквите работи да се дознаат за нивниот идол. Од сите светски писатели, само за Шекспир се напишани повеќе докторати, дипломски работи, биографии и книги. Се што напишал Кафка, секоја негова разгледница, секоја страница на неговиот дневник се смета за потенцијален ’Библиски ковчег’. Сепак, никој никогаш не им ја прикажал на читателите порнографијата на Кафка“, вели Хејвс, додавајќи дека „Кафка збирката ја чувал во семејната куќа, под клуч кој цело време го носел со себе.“

Податоците доаѓаат од:
http://www.taratur.com/node/4434