Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Откриена порно колекција на Кафка


Во склоп на новите истражувања за животот на познатиот писател Франц Кафка, откриена е колекција на експлицитна порнографија што му припаѓала. Според Тајмс, научниците намерно ја игнорирале оваа колекција, за да го зачуваат неговиот имиџ.

Академик Џејмс Хејвс, инаку стручњак за Кафка, ја пронашол збирката случајно, додека ги истражувал копиите од дневниците на Кафка во „Британската библиотека“ во Лондон, како и Бодлиен во Оксфорд.

Хејвс истакна дека ова откритие е премногу важно бидејќи ја прикажува човечката страна на Кафка, наспроти неговиот досегашен имиџ на „светец“.

Некои од еротските материјали од колекцијата на Кафка, Хејвс ги објавил во својата книга „Ископувајќи го Кафка“, која е објавена пред еден месец. Интересно е дека токму издавачот на порнографските материјали, Франц Блеј, прв ги објавувал делата на Кафка – во 1908 година објавил серија мини приказни, подоцна собрани во книгата „Медитација“.

„Оваа збирка е нешто што и во денешно време би се криело на врвот на некоја полица. Ова не се некои скокотливи разгледници од плажа, ова е недвосмислена порнографија, чиста и едноставна. Добар дел од колекцијата е мрачен и непријатен“, вели Хејвс.

„Бројни академици се преправаа дека оваа збирка не постои, бидејќи ’Кафкината индустрија’ не сакаше ваквите работи да се дознаат за нивниот идол. Од сите светски писатели, само за Шекспир се напишани повеќе докторати, дипломски работи, биографии и книги. Се што напишал Кафка, секоја негова разгледница, секоја страница на неговиот дневник се смета за потенцијален ’Библиски ковчег’. Сепак, никој никогаш не им ја прикажал на читателите порнографијата на Кафка“, вели Хејвс, додавајќи дека „Кафка збирката ја чувал во семејната куќа, под клуч кој цело време го носел со себе.“

4.08.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika