Мистеријата околу вонземјанинот, рекламната кукла, желката без оклоп, мутантот, компјутерската анимација, морското чудовиште, и што и да е, а што стана тема број 1 на Лонг Ајленд во САД и понатаму продолжува, со тоа што некои тврдат дека ја решиле.
Од Центарот за природни науки, Fox News донесува подробна анализа на фотографијата што го зачуди целиот свет и иницираше десетици илјади текстови на оваа тема.
Прво и приговараат на авторката на фотографијата Џена Хјуит не ставила апсолутно никаков предмет покрај „животното“ со чија помош би можело да се процени колку е тоа големо.
На грбот само се наоѓа „гигантска мува“, според која може да се заклучи дека мртвото суштество било мало. Ниедно друго животно освен ракунот не може да има такво тело, а „клунот“ всушност е распадната муцка, заклучија од Центарот за природни науки, а поради гигантската мува додаваат дека се работи за млад ракун.
Сведоците од плажата не отстапуваат од првичниот исказ – и понатаму тврдат дека со свои очи виделе чудовиште кое личи на куче со орловски клун. Двајца сведови и Џена Хјуит на ТВ Плум која прва ги објави фотките од мистериозното суштество ќе се обидат да објаснат што виделе на Монтаук.
Поврзано:Леш на чудовиште или вонземјанин? [1]