Во текот на минатите години многу компании се обидоа да произведат употреблив џетпак, но без успех. Сепак, една новозеландска компанија успеа да се приближи до таа цел, иако димензиите на уредот се поприлично големи.
Martin Aircraft Company изработи џетпак кој навистина функционира. Експертите се уште се расправаат околу тоа дали леталото е исправно класифицирано. Дефинитивно не изгледа како мал ранец, како што обично си ги замислуваме ваквите уреди. За властите, уредот е експериментален, ултралесен авион.

Уредот има мотор со четири цилиндри, тежок е околу 125 кг. (прилично многу) и замислен е како возило за рекреација. За него ќе треба да одвоите 100.000 долари, од кои 10% ќе мора да ги платите однапред. Уредот можете да го нарачате уште денес, а првите модели ќе бидат испорачани следната година.

Со еден полн резервоар уредот може да лета 30 минути, а теоретски може да достигне висина од 2,5 километри, но оваа можност се уште не е тестирана. Сите купувачи ќе мора да поминат 15 часа обука, како и безбедноста проверка.
Џетпакoт доаѓа со балистички падобран.
Не очекувајте дека ќе може да летате по небото како што ќе ви текне. Можете да го користите само на специјални терени, но компанијата се надева дека тоа ќе се промени во иднина.
30.07.2008