Ваши писма: Steel Temple на SellaBand.com

Вака, прво да ги запознаеме луѓето што е тоа SellaBand.com

Тоа е веб-сајт кој почна да работи во Август 2006-та година, и е со многу интересен концепт. Се работи за сајт кој е прв во тоа што го прави, а тоа е продавање/купување на својот бенд (или својата музика) низ целиот свет, но на еден поинаков начин.

Начинот е овој: Се регистрираат корисници од целиот свет. Меѓу нив некои се музичари, групи, пејачи, а другите се верувачи во нивната музика. Верувачите се луѓе кои имаат некои повеќе, некои помалку пари за да инвестираат во бенд, пејач итн. Значи, секој артист што ќе се логира на тој сајт ќе треба да го промовира својот бенд преку својот профил што ќе го направи на самиот сајт. Во профилот може да се стават најмногу 3 песни од музиката на артистот, неколку фотографии, биографија и било какви информации поврзани со нив.

Тоа е почетокот. После тоа артистот треба да ги бара верувачите, или “beleavers” како што таму ги нарекуваат, и да ги убеди со својата музика да инвестираат во нив. Секој верувач може да даде минимум 10$ (тоа е едно парче инвестиција), а се разбира, може да донира и многу пати помножено со тоа 10$.

Целта на веб сајтот е да се соберат 50 000$ за еден артист од верувачите, и со тие пари, се снима албум на тој што достигнал до 50 000$, се промовира албумот низ цел свет и се разбира, им се праќаат ЦД-а од албумот на верувачите кои инвестирале во тој бенд, како и сите пропратни рекламни материјали како маици, капи и.т.н.

До сега се избрани 4 артисти кои достигнаа 50.000$, а тоа се Nemesea, Cubworld, Second Person и Clemence. Сите тие се од различни држави, значи тоа не е пречка од која држава е артистот.


Македонците Steel Temple се први и единствени до сега на тој сајт, и се надеваме дека одлично ќе им тргне работата.Профилот на Steel Temple на тој сајт е www.sellaband.com/steeltemple

Инаку, Steel Temple напорно работат на новиот албум кој е во фаза на снимање, а се спремаат и за неколку концерти што ги очекуваат во наредниов период, попрецизно следнава пролет.


20.03.2007



Најнова Фотка
Автомобилска еволуција
Анкета
topki+
Помош за Искра
Помош за Искра
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 9°C
Времето во моментов
Најнови содржини
16:56 Уапсен заради романтика Во земјата на чудата
14:30 5.000 луѓе на најдолгиот ручек на светот Во земјата на чудата
14:09 Боинг 727 „слета“ и стана хотел Во земјата на чудата
13:37 Видео: Ставете си гради на чело Во земјата на чудата
00:54 Valencia 1 - 1 Werder Bremen Видео фудбал
Спорт
Бундеслигата пополека ја престигнува Серија А
Бундеслигата пополека ја престигнува Серија А
slikaГерманската Бундеслига пополека но сигурно излегува пред италијанската Серија А, според коефициентите на УЕФА, па можно е од следната сезона од Германија да играат 4 екипи во Лигата на Шампионите.
Започнува новата сезона во Формула 1
Започнува новата сезона во Формула 1
slikaПо пауза од неколку месеци повторно ни се враќаат возбудувањата од еден од најгледаните спортови, Формула 1.
Кркиќ во Валенсија, Виља во Барса?
Кркиќ во Валенсија, Виља во Барса?
slikaСпоред шпанските медиуми можна е замена помеѓу Валенсија и Барселона на нивните напаѓачи.
Видео: Еден се спрема, друг шутира пенал
Видео: Еден се спрема, друг шутира пенал
slikaНавистина интересен момент од јапонскиот фудбал, во кој еден играч ја поставува топката на белата точка, а друг го шутира пеналот.
Видео: Слеп, а растура се пред себе!
Видео: Слеп, а растура се пред себе!
slikaТајландскиот боксер Суџет Сали уште од мал сакал како својот татко да се тепа во ринг, а во тоа не го спречи ни фактот дека има огромен хендикеп. Иако е слеп, амбициозно тренира со колегите кои немаат таков инвалидитет и досега одлично му оди.
Резултати сега!
Фото
Фото: Голотија и живи бои на тату шоу Знаменосец Реконструкција на детски цртежи Страв и трепет на ролеркостер
Видео
Кој ги вработи овие генијалци? Тотално луд: Легна под тркачки автомобил Се соблече во талент шоу (16+) Скроз откачена полициска потера
(©) 2006-2010 Taratur.com