Новопечената мајка по кратката пауза и се врати на својата втора љубов - глумата, така што наесен ќе започне со снимањето на филмот The Governess, во кој ќе игра дадилка со опасни намери.
Откако некое време беше надвор од филмскиот свет, а особено затоа што во февруари ги роди близнаците
Макс и
Ема,
Џенифер Лопез одлучи дека е време повторно да се врати во светот на парите.

Нејзиниот прв проект ќе биде снимањето на романтичната комедија
The Governess (Гувернантата), во која Џенифер ќе игра искусен крадец, на која не и е тешко да влезе во срцето на децата, за да ги ограби нивните богати татковци, во случајов вдовец.
Филмот ќе го режира
Најџел Кол, а сценариото го напиша
Кевин Вејд, кој го напиша и
Maid in Manhattan, филмот во кој Џенифер Лопез ги покажа своите актерски способности пред целиот свет.
30.07.2008