Кога сте во Рим, бидете Римјанин. Или во превод, ако сте во Вегас, не тргајте се од коцкарница. Ако пак морате на ручек или во ВЦ, земете си го со себе овој преносен уред за коцкање. Можеби повеќе ќе ви оди на шолја.
Компанијата Cantor Gaming разви преносен безжичен уред кој им дозволува на посетителите на казината да се коцкаат за вистински пари без оглед каде се наоѓаат.
Моментално на уредот се понудени неколку игри, а во иднина
Cantor Gaming планира да понуди покер во живо, обложување, па дури и игри што ги нема в казино. Замислете да играте Тетрис за пари! Или да добиете пари во игра со вселенски бродови.
Уредот моментално се тестира во хотелот и казиното Venetian во Лас Вегас, а не може да се користи надвор од казиното. Ако тестирањето помине добро, уредот ќе може да се користи во цел хотел, дури и во сопствената соба.
29.07.2008