Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Бесплатни учебници за сите ученици од 2009


Сите ученици од основно и од средно образование ќе добиваат бесплатни учебници од учебната 2009/2010 година.

Ова, како што пренесува Макфакс, денеска го соопшти министерот за образование и наука, Перо Стојановски на прес конференција во Скопје.

Стојановски информираше дека еден комплет учебници ќе го користат две генерации од одделенската настава, додека во предметната настава и во средното образование, учебниците ќе бидат менувани на секои три генерации.

„Новината е и во тоа што со новиот Закон за учебници за основно и средно образование им се дава можност на авторите директно да конкурираат со свои ракописи. Досега тоа го правеа издавачките куќи, а сега ги отвораме можностите, за секој оној кој смета дека има квалитетен ракопис да може да аплицира, без притоа да се врзува со одредена издавачка куќа“, посочи Стојановски.

Целокупната техничка поддршка и процедура околу спроведувањето на конкурсот, изборот на ракопис ќе го прави Педагошката служба која што е орган во состав на Министерството за образование и наука (МОН).

Една од новините, според Стојановски, е тоа што МОН ќе ги откупи авторските права на ракописите кои што ќе бидат одбрани, при што веќе авторите нема да се врзуваат со бројот и тиражот што ќе биде печатен. Со откупување на авторските права МОН ги превзема издавачките права.

Самите училишта ќе имаат право да изберат кој учебник ќе се користи по одделните наставни предмети, а за либерализација на учебниците си останува истото правило, односно по еден наставен предмет ќе може да има најмногу три учебнци.

29.07.2008




Гледајте фудбал
Спорт
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
Македонија подготвена за врвот на Европскиот ракомет
slikaЗавршени се сите подготовки Македонија да биде врвен домаќин на претстојното Европското првенство (ЕП) во ракомет за жени, што од 2 до 14 декември ќе се одржува во Скопје и Охрид.
Манчини најдобар тренер во Италија
Манчини најдобар тренер во Италија
slikaПоранешниот тренер на Интер ја доби престижната италијанска награда Златна клупа, која се доделува на најуспешниот тренер во изминатата сезона.
Џерард се плашел да прави лизгачки
Џерард се плашел да прави лизгачки
slikaКапитенот на Ливерпул откри дека кога бил мал не правел лизгачки стартови, само за да не биде сметан за груб фудбалер
Дрогба казнет со три натпревари
Дрогба казнет со три натпревари
slikaНапаѓачот на Челзи е казнет поради неодамнешниот инцидент кој дополнително ќе го оддалечи од терените.
Реал го бара Вучиниќ
Реал го бара Вучиниќ
slikaЧелниците на шпанскиот гигант од почетокот на сезоната бараат засилување во нападот. По повредата на Нистелрој тоа повеќе не е желба, туку потреба, а нивна мета е напаѓачот од Рим.
Desno


Резултати сега!
slika