Возачите кои својот автомобил сакаат да го паркираат во центарот на Сингапур за осум часови паркинг ќе платат во просек 18.83 американски долари, со што овој град е на 52-то место на скалилото за најскапи паркинзи.
Како што пишува денес The Straits Times повикувајќи се на резултатите на истражувањето кое ги објави агенцијата за недвижности Colliers International, најскапо ќе поминат возачите во центарот на Лондон (40 евра), а на второ место е Амстердам (39 евра).
Третото место, според критериумот за осум часовно паркирање, му припаѓа на лондонскиот Вест Енд, каде таа услуга чини околу 37 евра, а следат Москва и Виена, со еднаква цена од 36 евра, пишува сингапурскиот дневник.
Според истиот извор, најевтин паркинг е во Њу Делхи каде изнесува едно евро за осум часови.
28.07.2008