73-годишниот Шигео Токуда изгледа како обичен пензионер, во сив костум и наочари. Но, кога ќе се појави пред камера сите стереотипи паѓаат. Верувале или не, стариот Шигео е јапонска порно ѕвезда.
Шигео Токуда е водечка порно ѕвезда во жанрот со постари лица, а играл во повеќе од 200 филмови. Толку е успешен што може да се смета за бренд.
„Пензиониран сум немав што да работам“, вели Токуда, поранешен трговски патник. „Ова е мојот втор живот. Не знам уште колку ќе живеам, но сакам тоа време да го поминам уживајќи“.
Покрај тоа тврди дека е поздрав од порано, за што веројатно е показател и одличната продажба на неговите филмови, воглавно меѓу постарата популација.
Гаичи Коно, режисер на порно филмови вели дека Токуда е вистинска ѕвезда. „Тој ги охрабрува постарите луѓе да имаат секс, откако ќе ги гледаат неговите филмови“, додава режисерот.
Компанијата Ruby Productions ги снима и дистрибуира филмовите од Токуда, а специјализирани се за ваков жанр. Велат дека почнале да снимаат такви филмови случајно.
Руичи Кадоваки, директор на компанијата вели дека почнале да снимаат филмови со актери во 30-те за да ја подобрат продажбата. Потоа почнале да снимаат со актери во четириесеттите, а филмовите се продавале уште подобро.
Кадоваки вели дека потоа се решиле да почнат со 50-годишници, 60-годишници, а сега снимаат цела серија филмови со 70-годишници.
„Да бидам искрен, воопшто не ми е јасно зошто луѓето ги купуваат таквите филмови. Претпоставувам дека постарите муштерии чувствуваат сигурност кога во филмот ќе видат актер на свои години“, вели Кадоваки.
Во Ruby Productions велат дека само ги задоволуваат барањата на јапонското општество кое има најголем процент на луѓе над 65-годишна возраст во светот.
Токуда вели дека пријателите му завидуваат, бидејќи работи ценета работа, нешто што им недостига на многу стари лица. Се надева дека ќе работи додека не наврши 80, па дури и потоа, давајќи се од себе до својата смрт.
Вели дека има поддршка од сопругата и семејството, само што не сакаат да знаат за деталите.
28.07.2008